Познати личности разоткриени од нивните куќни помошници
Изгледа дека чистачките на познатите имаат многу да кажат за нивните шефови. Знаевте ли дека Шарлиз Терон не разговара со никој од помошниците во домот? Бритни Спирс, пак, насекаде оставала храна. Во нејзиниот кревет имало недојадени хамбургери, а во каучот недојадени колачиња. А, Џенифер Лопез е прогласена за ѕвезда што им дава најмала плата на чистачките. Погледнете ги валканите тајни на познатите, откриени од нивните куќни помошници.