Запознајте ја Кане Танака - најстарата жива личност во светот



Како што напредуваат технологијата и медицината, животниот век на луѓето се зголемува. Па, денес не е чудно да сретнете личност која има 80, па дури и 90 години. Но никој не може да „се мери“ со Кане Танака, 117-годишна старица од Јапонија која е прогласена за најстарата личност на Земјата, како и за најстарата жена. На 2-ри јануари Кане го прослави 117-тиот роденден, а кога ја прашаа дали тортата била вкусна, таа одговори дека сака уште. Во ова видео погледнете ја нејзината неверојатна животна приказна.

The HWD Facebook commenting plugin is not published