Новите правила што треба да ги следат Хари и Меган Маркл
Досега сигурно сте слушнале дека Хари и Меган се повлекуваат од кралските должности. Но, само затоа што повеќе нема постојано да престојуваат во Англија, не значи дека ќе можат да се ослободат од сите кралски правила. Најпрво, доколку сакаат да живеат во Канада, ќе им биде потребна виза. Доколку, пак, сакаат да ги задржат пријателските односи со кралското семејство, Хари и Меган ќе мора да внимаваат на нивното однесување во јавноста и најверојатно ќе треба да се воздржуваат од секакви скандали. Истовремено, и двајцата не смеат да ги користат кралските титули за парична заработка. Погледнете што сè друго треба да почитуваат Меган и Хари во нивниот „нов живот“.