Ефикасни домашни лекови за детската кашлица
Сега е сезона на кашлици, настинки и грипови, па како секоја недела да има по еден болен во семејствата. Доколку вашето малечко има кашлица, нема потреба веднаш да одите на лекар. Најпрво можете да му помогнете со пареа. Пареата е одлична за кашлицата, а сигурно ќе помогне и ако детето има затнат нос. Покрај тоа, можете да пробате да ги ублажите симптомите со пилешка супа, ѓумбир и многу други состојки, што сигурно ги имате во вашиот дом.