Работи што треба да престанете да ги правите наутро
Будењето наутро (против ваша волја) може да биде вистински предизвик. А, откако ќе успеете да ги отворите очите, веднаш ве чекаат куп обврски - миење заби, правење појадок, местење на креветот, подготвување за работа… Повеќето од овие работи ни станале навика, па ги извршуваме дури и автоматски. Сепак, научниците откриле дека не сите утрински навики се здрави колку што ни изгледаат. Дали го местите креветот веднаш откако ќе се разбудите? Веројатно ова сте го научиле од родителите и го правите со години, но изгледа дека не е најдобрата утринска активност…