Што ќе се случи со кралската облека на Меган Маркл?
Деновиве, принцот Хари и Меган Маркл се сеприсутни во медиумите поради нивната одлука да се повлечат од кралските должности. И двајцата сакаат да бидат независни и сами да заработуваат за живот - нешто што беше невозможно додека беа дел од кралското семејство. Облеката што ја носеше Меган откако ја доби титулата војвотката од Сасекс па сѐ досега беше платена од кралското семејство. Кога ќе се земат предвид скапите дизајнерски парчиња во нејзиниот гардеробер, јавноста почна да се прашува дали на Меган ќе ѝ биде дозволено да ја задржи облеката, па и накитот што го добила…