Принцот Хари ѝ бара работа на Меган Маркл



Деновиве најзборувана е одлуката на принцот Хари и Меган Маркл да се повлечат од нивните кралски должности. Парот изјави дека сакаат сами да заработуваат за живот, а изгледа ова им бил планот веќе подолго време. Дури неодамна, на интернет „осамна“ видео од премиерата на „The Lion King“ од јули минатата година. На видеото се гледа како Меган зборува со Бијонсе и Џеј Зи, а веднаш до неа е Хари кој разговара со Боб Ајгер, извршниот директор на Дизни. На видеото се слуша како Хари ја фали Меган пред Боб и му вели дека е заинтересирана за позајмување на нејзиниот глас. Сега останува да видиме дали Меган навистина ќе стане „дизниева принцеза“.

The HWD Facebook commenting plugin is not published