Што правеле најпознатите милијардери пред да станат богати?



Навикнати сме да ги гледаме милијардерите како летаат со нивните авиони, како уживаат во луксузните вили и како патуваат до најегзотичните дестинации. Но за повеќето, патот до богатството бил навистина трнлив. Постојат оние кои имале среќа да се родат во богато семејство, па без многу труд да станат милијардери. Но, ги има и оние кои се отпишале од факултет, работеле во McDonald’s, разнесувале весници, па дури биле и дилери на дрога пред да станат едни од најбогатите луѓе на светот. Сите го знаеме Илон Маск, чие богатство изнесува околу 24 милијарди долари. Но овој гениј навистина се потрудил да стигне дотука. Додека неговите врсници си играле надвор, тој ги изучувал информатиката и програмирањето. Наводно, на само 9-годишна возраст, тој ја прочитал и целата енциклопедија Британика…

The HWD Facebook commenting plugin is not published