24 часа со Алесандра Амбросио и нејзиниот син во Њујорк
Неодамна, во Мадам Тисо во Њујорк беше поставена восочната фигура на светскиот модел Алесандра Амбросио. По тој повод, таа направи кратко видео за Vogue во кое имаме можност да видиме како ги поминала 24-те часа во Њујорк со нејзиниот син. Најпрво гледаме како Алесандра и нејзиното синче се подготвуваат за излегување. Потоа следи посетата на Мадам Тисо и откривањето на фигурата, а остатокот од денот го минуваат во забава и истражување на градот.