Познати личности кои не можат да ја поднесат Ники Минаж



Изгледа дека голем број познати личности воопшто не можат да ја поднесат Ники Минаж, а една од нив е Мараја Кери. Во 2012-та, двете пејачки беа судии на American Idol. Уште на почетокот беше очигледно дека Ники и Мараја не се поднесуваат, но некако, ситуацијата стана уште полоша. Наводно, Мараја сметала дека Ники не знае да пее, па со тоа немала право да суди за талентот на другите. А, ако некој ве навреди на овој начин за вашата професија, нормално е да почнете да го гледате како непријател. Шер, Деми Ловато, Тејлор Свифт… очигледно, Ники има голем број непријатели во светот на музиката.

The HWD Facebook commenting plugin is not published