Што сѐ јаде Гвинет Палтроу во еден ден?
Гвинет Палтроу ќе ја краси насловната страница на февруарскиот број на списанието Harper’s Bazaar, а по тој повод решила да сподели што сè јаде во еден ден. Гвинет го започнува денот со голема чаша вода и шолја кафе. Како што вели самата, не е голем фан на појадокот, па најчесто го прескокнува. Погледнете што јаде Гвинет во еден ден, а бидејќи актерката изгледа подобро од секогаш, можете да ги искористите нејзините совети за здрава исхрана.