Најеластичните жени што сте ги виделе досега
Уметноста не е ограничена само со четка и платно. Секоја година гледаме бројни нови артисти со неверојатни таленти, од кои дел се незамисливи за нас. Овде спаѓаат и луѓето со неверојатно флексибилни тела, а овојпат фокусот е на жените. Додека на повеќето од нас ќе му бидат потребни години вежбање само за да направи шпага, овие жени го движат своето тело на речиси надреален начин. Светот прв пат дозна за Софи Доси во шоуто „America’s Got Talent“. Оваа млада девојка може буквално да го „здипли“ нејзиното тело, а се движи како воопшто да нема ’рбет. Таа дури може да користи лак и стрела со нејзините нозе, додека стои на раце…