Шакира за Пике: „Сакам да ме гледа како девојка, а не сопруга“
Шакира и Пике имаат два сина, но не се во брак. А, по сè изгледа не планираат да го променат тоа. Во интервју за 60 Мinutes, пејачката прозбори за нејзината одлука да не се венча со нејзиниот партнер. Шакира накратко кажува кога прв пат слушнала за Пике и како завршиле заедно. Истовремено, додава дека повеќе сака Пике да ја гледа како девојка, а не како сопруга, па веројатно ќе помине уште време пред да го кажат судбоносното „Да“.