Познати личности кои беа „разоткриени“ од нивните асистенти
Малку луѓе ги познаваат познатите како нивните асистенти. Асистентите знаат сè за распоредите на познатите, со кого се гледаат, кој не сакаат да видат, но и како се однесуваат кога не ги гледа никој. Па, не е ни чудно што одвреме-навреме поранешните асистенти на познатите споделуваат бизарни детали од нивните животи. Веројатно го знаете филмот „The Devil Wears Prada“, но знаевте ли дека е направен според приказната на поранешната асистентка на Ана Винтур? Ликот на Мерил Стрип што го гледаме во филмот е всушност инспириран од познатата уредничка, за која сега сите знаат колку лошо се однесува кон своите вработени. Погледнете ги познатите кои беа „разоткриени“ од нивните лични асистенти.