Шокатни факти за Ејми Вајнхаус што ги дознавме после нејзината смрт
Прераната смрт на познатата пејачка ги шокира сите, но работите што се дознаа за неа подоцна беа уште поневеројатни. Во 2015-та година, беше објавен документарец за Ејми Вајнхаус, во кој се појавија дотогаш невидени снимки од пејачката. На една од снимките се гледа како тогаш 14-годишната Ејми без проблем ја пее Happy Birthday, докажувајќи дека отсекогаш имала неверојатен талент. Интересно е што нејзиното семејство, особено нејзиниот татко бил против објавувањето на документарецот. Наводно, причината е тоа што тој е претставен како немарен родител кој го запоставил своето дете. Животот на Ејми беше обвиен со многу мистерии, а ова видео ќе ви помогне да ја запознаете подобро.