Како изгледаат познатите без Photoshop?
Дури и да сте најубава личност на планетата, во очите на забавната индустрија секогаш можете да изгледате подобро. Па, не е ни чудно што фотографиите што ги гледаме од познатите се обработени до тој степен, што понекогаш изгледаат како други личности. Проблемот е што токму овие фотографии предизвикуваат проблеми со самодовербата кај многу луѓе. Ова видео ќе ви докаже дека ни познатите не изгледаат беспрекорно без цел тим стилисти и без Photoshop.