Сцени за кои актерите зажалиле што ги снимиле
Сите ние жалиме за некоја наша одлука или постапка од минатото, а ни актерите не се исклучок, особено кога станува збор за некоја филмска сцена. Понекогаш не им се допаѓа тоа што покажале премногу пред камера или, пак, не се чувствувале воопшто удобно додека ја снимале сцената. Дакота Џонсон можеби се прослави со „50 Shades of Grey“, но изгледа актерката не е горда на сите сцени од филмот. Џенифер Лоренс, пак, се чувствувала лошо кога морала да ја сними жешката сцена со Крис Прат во „Passengers“, најмногу бидејќи тогаш актерот беше во брак.