Еволуцијата на модата низ годините
Колку и да ја сакате модата, понекогаш е навистина тешко да држите чекор со постојаната промена на трендовите. Некогаш списанието Vogue се сметаше за модна библија, но изгледа дека неговата популарност опаѓа. Всушност, дури и уредничката Ана Винтур има изјавено дека е подобро да го следите нивниот Instagram профил. Истовремено, брендовите како Savage x Fenty на Ријана стануваат сè попознати, додека брендовите кои постоеле со години, како Victoria’s Secret, имаат проблем со адаптирањето на новите желби на купувачите. Изминатиов век модата се промени драстично, а во видеото погледнете како се одвиваше тоа.