Најголемите филмски утки за изминатава деценија
Знаевте ли дека во само една година, Disney заработи повеќе од 2,7 милијарди долари со „Avengers: Endgame“. Но, изгуби 170 милиони долари со „Dark Phoenix“ и уште неколку филмски наслови. Ова значи дека без разлика колкаво студио работи на филмот, без разлика какви се рекламните кампањи и без разлика колку се импресивни специјалните ефекти, филмот нема гаранција за успех. Филмовите на листата наместо да заработат, изгубиле над 100 милиони долари и слободно може да се каже дека се најголемите утки за 2010-тите. „Deepwater Horizon“, „How Do You Know“ и „The Promise“ се само дел од филмските промашувања за оваа деценија.