Средношколката Меган Маркл ја пее „Santa Baby“ на училишен концерт



Пред да стане војвотката од Сасекс, Меган Маркл беше актерка. А, пред да стане актерка, таа била обична девојка која настапувала на новогодишниот концерт во нејзиното средно училиште. Видеото е направено во 1998-ма и можеме да ја видиме тинејџерката Меган како ја пее „Santa Baby“ со нејзината пријателка Натали Гарсија. Меган изгледа преслатко со црвената капа, а мора да признаете дека покрај глумата, изгледа ѝ оди и пеењето.

The HWD Facebook commenting plugin is not published