Александар и Дац ја заокружија годината со новиот хит „Ангелина“
Дуото Александар Митевски и Драган Спасов Дац во последниов период постојано ја изненадуваат публиката со нови хитови кои се одлично прифатени и певливи, а по успехот на „Цреши охридски“, „Уште ми фалиш“ и „Љуби ме“, ја заокружија годината со песната Ангелина. Песната е духовита преработка на нумерата „Надалина“ од Оливер Драгојевиќ, а велат дека секој си има по една таква Ангелина во животот, па слушнете за што се работи.