Како изгледал изборот за Мис Универзум низ годините?
Знаевте ли дека изборот за убавина „Мис Универзум“ се одвива веќе 67 години по ред? Со волку долга историја, нормално е што натпреварот се има променето драстично. Кога ќе ги погледнете натпреварите во првите години, ќе сфатите колку поразлични биле стандардите за убавина. Истовремено, се менувале и правилата што ги следеле учесничките, но почнувал да се цени и нивниот интелект, а не само убавината. Ова видео ја прикажува целата еволуција на натпреварот за убавина „Мис Универзум“.