Најимпресивните градежни проекти во Дубаи
Дубаи е бизнис центарот на Блискиот исток и е еден од градовите со најбрз развој во светот. Една од причините за овој развој е тоа што власта почна да се фокусира на туризмот. Па, откога започна трансформацијата на Дубаи, новите градежни проекти го направија една од најпосакуваните туристички дестинации. Веќе знаете за завршените проекти, како Бурџ Калифа и вештачките острови, но во план се уште неколку импресивни градби, кои дефинитивно ќе ве остават без зборови. На пример, знаете ли дека во план е изградба на Градот на Аладин? Инспирацијата за проектот е приказната за Аладин и волшебната ламба, а според информациите што ѝ се достапни на јавноста, ова место ќе биде навистина магично.