Строгите правила што Елен Деџенерис им ги наметнува на гостите во нејзиното шоу
Сте се запрашале ли што треба да направите за да бидете дел од публиката во шоуто на Елен? Можеби звучи возбудливо, но сите во публиката мораат да следат многу строги правила. А, овие правила важат и за познатите гости во шоуто. Знаевте ли дека гостите, без разлика колку се славни, не смеат да ја одбијат Елен ако таа им рече да танцуваат? Оние кои се во публиката, пак, мораат да следат кодекс за облекување, не смеат да ѝ се приближат на Елен и не смеат да ѝ подаруваат ништо.