Проблеми што им се познати само на луѓето кои носат очила за гледање
Можеби оние кои немаат проблеми со видот ги гледаат очилата со диоптер само како моден додаток, но не се ни свесни кои маки доаѓаат со нив. Дали во зима, кога ќе влезете во затоплена просторија, ви се замаглуваат стаклата? Дали ви е преку глава сите да ви ги бараат очилата да ги пробаат? А, како гледате 3Д филм во кино? Ако морате да носите очила гледање, тогаш дефинитивно ви се познати овие проблеми.