Познати личности кои беа „фатени во лага“ на социјалните мрежи
Сите луѓе лажат на социјалните мрежи, а веројатно истото го имате направено и вие. Но додека нашите онлајн лаги најчесто поминуваат незабележано, познатите изгледа ја немаат таа привилегија. Понекогаш и овие луѓе сакаат да привлечат повеќе внимание, па одвреме-навреме споделуваат некоја лага. На пример, неодамна Кајли Џенер сподели на Twitter дека тој ден прв пат јадела житарици со млеко. Не помина долго пред некој да сподели Инстаграм фотка на Кајли од 2013-та, на која очигледно има чинија со житарици и млеко. Погледнете кои познатите беа „фатени во лага“ на социјалните мрежи.