Само за најхрабрите - Најопасните туристички дестинации ширум светот
Кога одбирате дестинација за патување, најверојатно најважни ви се убавината на местото, знаменитостите и храната. Но постојат и оние кои секое патување го гледаат како можност за адреналинска авантура. Би се осмелиле ли да возите велосипед по работ на рид, на патека која речиси не постои? А, имате ли храброст да му се приближите на активен вулкан? Ако одговорот е „Да“, тогаш сигурно ќе сакате да ги посетите најопасните туристички дестинации ширум светот.