Крис Џенер ја интервјуира 11-годишната Бијонсе
Во четвртокот, таткото на Бијонсе, Метју Ноулс, објави снимка што ги израдува сите фанови на познатата пејачка. На видеото се гледа тогаш 11-годишната Бијонсе, која е интервјуирана од никој друг, туку од Крис Џенер. Тој период Бијонсе беше дел од женската група Girls Tyme и зборува за тоа како се справила со тремата пред настап. Сепак, многумина се убедени дека на видеото не се наоѓа Крис Џенер, а колку е ова вистина, погледнете самите.