Најубавите зимски фестивали во Европа
Кој вели дека треба да го чекате летото за вистински да се забавувате? Всушност, токму во зима голем број европски градови „оживуваат“ и ги организираат најволшебните зимски фестивали. Ако, на пример, ги сакате Викинзите, Шкотска има зимски фестивал само за вас. Ако, пак, вашето омилено овошје е лимонот, сигурно ќе сакате да го посетите февруарскиот фестивал во Франција. А доколку само барате идеја каде да се забавувате оваа зима, ова видео ќе ви понуди неколку одлични предлози.