10 трендови од 2019-та за кои ќе зажалиме
Ако сте љубител на модата, веројатно сакате да го следите трендовите. И дури и ако на почетокот не ви се допаѓа некој тренд, штом ќе видите дека го носат сите, веднаш го посакувате и вие. Како, на пример, предолгите нокти што повеќе наликуваат на канџи. Ако, пак, водите здрав живот, веројатно ги следите трендовите за здрава исхрана. Годинава речиси сите ја пробаа таканаречената кето диета, но дали воопшто е ефикасна и здрава, или и тоа беше само тренд за кој многумина ќе зажалат?