Како да го тестирате квалитетот на храната што ја купувате?
Иако можеби на храната што ја купувате ги пишува сите нејзини состојки, никогаш не можете со сигурност да знаете што сè има во неа. Иако ова не важи за сите фабрики и компании, некои од нив сепак додаваат разни состојки за да ги подобрат изгледот и вкусот и за да го продолжат рокот на траење на храната. Добрите вести се тоа што постојат неколку трикови со кои можете сами да го тестирате квалитетот на храната што ја купувате. На пример, за да откриете дали сте купиле квалитетен мед, ставете 2-3 капки од медот во чаша со вода. Доколку медот се раствори, тоа е знак дека во него има додадено шеќер.