Што се случува со вашето тело кога сте настинати?
Кога ќе настинете, најчестите први симптоми се течење на носот и воспалено грло. Доколку не ја излечите настинката во оваа фаза, почнуваат да се појавуваат кашлање и кивање. Најчесто настинката поминува за околу една недела, но во зависност од вашиот имунитет, може да трае и подолго. А, настинките се можеби најчестото заболување - просечната возрасна личност настинува 2-3 пати годишно. Но што всушност се случува со вашето тело кога сте настинати? Ова видео го има одговорот.