Нов aкустичен реаражман на „Јовано Јованке” од Кристијан Волчев



Гитаристот Кристијан Волчев изведи нов акустичен реаранжман на народната македонска песна „Јовано Јованке“. Реаранжманот содржи уникатен и модерен звук, исполнет со ритмичка комплексност, а зачинет е со перкусивни елементи отсвирени на гитара. Наскоро се очекува и албумот на Волчев, насловен „Синистезија“, што ќе содржи 9 песни претставени во одредена боја. Целта е секоја боја да стимулира синестетичко искуство кај слушателот. Покрај „Јовано Јованке“, албумот ќе содржи реаранжман и на песната „Со маки сум се родила“, како и 8 авторски композиции.

The HWD Facebook commenting plugin is not published