Како изгледаше промоцијата на новиот на Kia XCeed?



Неодамна, на македонскиот пазар беше претставен најновиот модел на Kia - XCeed. Штом ќе го видите автомобилот, веднаш ќе забележите дека се работи со кросовер со впечатлив став. Автомобилот е опремен со уникатни LED светла за дневно возење и со стандардни светла за магла. Со спортската силуета, праговите во стилот на теренско возило и храбриот дизајн на тркалата, моделот XCeed дефинитивно се истакнува од толпата. Во внатрешноста ќе ја забележите впечатливата комбинација на стил и префинетост. Суптилната контролна табла, удобните седишта, прегледниот дигитален екран од 12,3″ и одличниот систем за навигација ви овозможуваат целосна контрола над возилото. На располагање е и модел со жолта внатрешност и седишта со уникатен дизајн во вид на саќе.

The HWD Facebook commenting plugin is not published