Богати личности кои не планираат да им остават наследство на своите деца



Можеби ние си замислуваме дека животот со богати родители е полн со луксуз и безгрижност, но ова не важи за сите. Всушност, голем број милионери и милијардери воопшто не планираат да им го остават своето богатство на децата. Најпознат пример за ова се Мила Кунис и Ештон Кучер. Познатиот пар сака нивните деца да имаат што е можно понормален живот и самите да се снајдат во светот. Слична одлука донеле и Гордон Ремзи и неговата сопруга. Наводно, тие не сакале да ги „расипат“ нивните деца и се посветени на ова до тој степен, што кога летаат со авион, децата не се со нив во прва класа.

The HWD Facebook commenting plugin is not published