Како фитнес тренерите ги подготвуваат актерите за нивните улоги?
Не е тајна дека актерите прават неверојатни трансформации на нивните тела за улогите што ги глумат. Но сте се запрашале ли како изгледа нивниот тренинг? Рајан и Ерик Џонсон се фитнес тренери на познатите и во ова видео споделуваат како изгледаат нивните тренинзи. Тие се тренерите што ја подготвиле Скарлет Јохансон за Ghost in the Shell, како и Оливија Кук за Ready Player One, а сега имате можност да погледнете како се одвивал целиот процес.