Вистинската приказна зад филмот The Irishman



Мартин Скорсезе за прв пат во кинематографијата ги спои Ал Пачино, Џо Пески и Роберт Де Ниро во еден филм, а изгледа ова е рецепт за успех. The Irishman привлече многу внимание и доби доста позитивни критики, а филмот е направен според вистинска приказна. Во филмот, ликовите на Де Ниро и Пески одат на тајна мисија во Детроит за да го убијат Џими Хофа. Во реалноста, исчезнувањето на Хофа остана мистерија уште од денот кога се случи во 1975-та година. Постојат безброј теории на заговор што ја опкружуваат оваа приказна, а неколку луѓе ја преземаа одговорноста за убиството на Хофа. Филмот дефинитивно е возбудлив, но вистинската приказна е уште подобра.

The HWD Facebook commenting plugin is not published