Актери кои воопшто не уживале во сцените со бакнување
Можеби фановите навистина им се радуваат на филмските сцени со бакнување, но изгледа дека актерите не уживаат кога ги бакнуваат своите колеги. Всушност, дури и зад најромантичните сцени со бакнување имало многу непријатни ситуации на сетот. На пример, Орландо Блум и Зое Салдана имаат изјавено дека воопшто не им се допаѓал нивниот бакнеж. Џош Качерсон и Лиам Хемсворт, пак, не уживале во бакнежите со Џенифер Лоренс, најмногу поради храната што ја јадела актерката. А, Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо се многу добри пријатели, па филмскиот бакнеж бил навистина непријатно искуство и за двајцата.