Најскапите чевли на сите времиња
Додека повеќето луѓе ги носат истите чевли по неколку години, неретко богатите трошат илјадници, ако не и милиони долари за чевли во само една година. Најскапите чевли во светот прв пат ѝ беа претставени на јавноста во октомври оваа година, а истите чинат неколку милиони долари. И познатите чевли на Дороти се најдоа на листава, но за разлика од оние во филмот, овој модел е изработен со 4.600 рубини и 50 карати дијаманти. Репликата на познатите црвени чевли чини неверојатни 3 милиони долари.