Дали да очекуваме проодлжение на филмот Joker?
Неодамна почнаа да кружат гласини дека можеме да очекуваме продолжение на филмот Joker. А, кога ќе ја земете предвид популарноста на филмот, не е ни чудно што најверојатно ќе се работи и на втор дел. Сè започна со гласините дека Тод Филипс разговарал со Warner Brothers за идеја за нов филм. Наводно, Тод имал план не само за Џокер, туку и за многу дури ликови од стриповите на DC. Според некои извори, режисерот веќе почнал да работи на вториот дел. Но, колку од ова е всушност вистина?