Кои се најсилните жени во светот?
Можеби за жените велат дека се понежниот или послабиот пол, но факт е дека сите жени се силни, без разлика што прават. Жените во ова видео поседуваат и неверојатна физичка сила и докажуваат дека не сите жени имаат потреба некој да ги штити. Една од најсилните жени во светот е мускулестата Наталија Кузнецова. Штом ќе ја видите оваа девојка, нема никогаш да ја заборавите. Таа е професионален бодибилдер и има срушено неколку рекорди. Наталија почнала со вежбање со тегови на 14-годишна возраст, а на почетокот нејзините родители не го одобрувале ова хоби, бидејќи кревањето тегови не било „женска“ активност. Но, штом ја освоила првата победа, тие го смениле нивното мислење. Погледнете кои се и како изгледаат најсилните жени во светот.