Прв трејлер за „Soul“ - Новиот анимиран филм на Pixar за смртта



Минатата недела, филмското студио Pixar го објави првиот трејлер за анимираниот филм „Soul“. Ова е приказна за Џо Гарднер, учител по музичко, чија вистинска страст е свирење џез. Џо се соочува со криза што им е позната на сите уметници - тој постојано чувствува дека неговиот сон да стане џез музичар нема никогаш да се оствари. Во еден момент, Џо помислува дека неговиот сон сепак е достижен и ќе стане реалност, но тогаш се случува нешто неочекувано. Надежниот џез музичар доживува несреќа што ја одвојува неговата душа од телото, па тој завршува на место каде што ќе сфати што всушност значи да има душа.

Премиерата на филмот е закажана за 19-ти јуни 2020-та година, а без сомнение, ова ќе биде уште еден филм на Pixar што ќе нè инспирира.

The HWD Facebook commenting plugin is not published