Познати личности кои не се тушираат секој ден
Некои познати личности се навистина отворени кога станува збор за нивните секојдневни навики. Па, некои од нив признале дека избегнувале да се тушираат со денови. Други, пак, биле „издадени“ од нивните пријатели, колеги или анонимни извори. Ели Рот сподели што слушнал за хигиенските навики на Бред Пит. Наводно, познатиот актер му кажал на Ели дека понекогаш нема време за туширање, па „се средувал“ на брзина со влажни марамчиња. Можеби не очекувавте жена на оваа листа, но Шарлиз Терон има споделено дека лесно издржува и цела недела без да се истушира.