Актери и актерки кои драстично се здебелија за филмска улога



Навистина не е лесно да се биде холивудски актер. Овие луѓе треба да исполнат безброј барања, особено кога ликот што го глумат не личи на нив. Иако понекогаш актерите користат костими и протези за да ја постигнат трансформацијата, некои сакаат да изгледаат што е можно подоверливо. Ова значи дека се подготвени на секаква физичка трансформација, па дури и драстично здебелување. Шарлиз Терон се здебели неверојатни 22 килограми за улогата во „Tully“. Поради трансформацијата, Шарлиз станала депресивна, а ѝ беше потребно повеќе од една година за да си ја врати својата фигура. Од Ен Хатавеј и Том Харди, па сè до Кристијан Бејл, ова се актерите кои драстично се здебелија за филмска улога.

The HWD Facebook commenting plugin is not published