Кои се најскапите универзитети во светот?
Студирањето е периодот од животот кога прв пат чувствувате вистинска слобода, но и период кога станувате независна личност. Но одењето на факултет не е бесплатно, и понекогаш може да ве чини цело богатство. Всушност, цената за студирање во некои од најпрестижните факултети, не може ни да се спореди со најскапите универзитети кај нас. Па колку всушност може да чини образованието и што би добиле за таа цена? Прв на листата е колеџот Sarah Lawrence. Овде студирањето чини околу 70.000 долари годишно, а на колеџот никогаш нема повеќе о д 1.300 студенти. Интересно е што ова е најевтиниот универзитет во видеото, па можете да замислите колку пари ќе ви требаат за најскапиот.