Филмски локации што се уништени од фановите



И покрај тоа што голем дел од филмовите се снимаат на посебно направени сетови, а често се користат и специјални ефекти, сепак постојат локации за снимање што можете да ги посетите во реалноста. Нормално е секој да сака да го посети местото каде што бил снимен некој негов омилен филм, но кога ова го посакуваат милиони луѓе, резултатот се уништени филмски локации. Доколку го изгледавте „Joker“, тогаш ви се познати скалилата на кои главниот лик танцува. Овие скалила се наоѓаат во Њујорк и после премиерата на филмот, биле преплавени со туристи и фанови. А, се сеќавате на сцената до Breaking Bad, кога Волтер фрли пица на покривот? Фановите ја посетувале куќата од серијата, само за да фрлат пица на нејзиниот покрив. Проблемот е што оваа куќа е нечиј дом. Ова се само дел од филмските локации, што биле уништени од невнимателните фанови.

The HWD Facebook commenting plugin is not published