Зошто навечер не можете да заспиете?
Несоницата и проблемите со спиењето се пораспространети од кога било. Всушност, истражување од САД покажало дека дури 60% од населението, речиси никогаш не спие добро. Додека на секој му се потребни најмалку 7 часа сон, повеќето луѓе спијат по едвај 6 часа навечер. Ако и вие спаѓате овде, сигурно сакате да дознаете која е причината за вашата несоница. Според науката, еден од најголемите виновници за ова е технологијата. Односно, гледањето во екран навечер. Истовремено, проблем со спиењето може да предизвика и кофеинот консумиран подоцна во денот. Погледнете кои се другите причини за вашата несоница, но и што можете да направите во врска со овој проблем.