Познати музичари кои денес имаат „нормално“ работно место
Замислете си да одите во продавница и на каса да ве пречека некој познат музичар. Овие нешта можат да се случат, бидејќи голем број музичари ја оставиле музичката кариера зад себе и си нашле „нормална“ работа. Се сеќавате ли на Vanilla Ice? Ретко кој рапер се прослави толку брзо во 1990-тите. Неговиот хит „Ice Ice Baby“ го имаше на сите радио станици, а албумот To the Extreme беше број 1 четири месеци. Но, неговата популарност брзо згасна, па раперот почна да купува имоти, да ги средува и потоа да ги продава за повисока цена. Погледнете ги останатите познати музичари кои денес имаат нормално работно место.