Пејачи и пејачки кои изгубиле свест сред настап
Понекогаш, стресот што доаѓа со јавните настапи може да биде премногу за некои изведувачи. Па, одвреме-навреме се случува некој познат изведувач да изгуби свест сред настап, без разлика што е професионалец со години искуство зад себе. Еден ваков случај имаше во 2013-та година во Лондон, кога Џастин Бибер изгуби свест на неговиот концерт. Наводно, пејачот имал тешкотии со дишењето додека танцувал, а потоа изгуби свест. После инцидентот, пејачот инсистираше да продолжи со концертот, а дури потоа да оди во болница. Лејди Гага, пак, има откажано концерт во Индијана во 2010-та, година бидејќи се чувствувала лошо. Подоцна, на истата турнеја, пејачката изгуби свест сред настап дури три пати. И познатите изведувачи се само луѓе, па изгледа ни тие не можат да ги избегнат овие незгоди.