Вистината зад лажните богати луѓе на социјалните мрежи



Социјалните мрежи ги отсликуваат нашите животи. Луѓето постојано споделуваат интимни детали од нивните врски, местата што ги посетиле и работите што си ги купиле. А кога ги гледате објавите, сигурно мислите дека сите имаат совршен живот, освен вие. Но всушност, не е воопшто тешко да создадете лажен, но гламурозен живот. Сте слушнале за Брајан Дентон? Ова момче од Лондон сакало да покаже колку е лесно да лажете на социјалните мрежи. Кога ќе го погледнете неговиот Instagram профил, ќе си помислите дека тој често патува и може да си купи што и да посака. Но во реалноста, Брајан е обично момче од Лондон и не е воопшто богат. Неговата популарност на Instagram само му помага да си ја докаже поентата. Па, време е да ја дознаете вистината зад лажните богати луѓе на социјалните мрежи.

The HWD Facebook commenting plugin is not published